Охрид, 16. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти мај 2021 година, во 09:15 часот на местото „Трпеј Кошари“, атар на селото Лактиње, општина Дебрца, полициски службеници извршија контрола, при што ги затекнале лицата Ј.П.(56), Ц.К.(56), З.П.(31) и В.И.(20), сите од Демир Хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило марка „Мерцедес“, во сопственост на Ј.П.
– На местото бил затекнат и шумочуварот, 53-годишниот К.Д. од селото Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата. При преглед на теренот, пронајдена е поголема количина исечено огревно дрво. Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување се одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива