мај 21, 2021

Охрид, 21. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Власта на СДСМ заедно со Агенцијата за млади и спорт ветуваа развивање на спортот, особено кај младинските категории во Охрид, порача на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид во врска спортските игралишта во селото Лескоец.

– Од ова место во Лескоец ветуваа значителни инвестиции во спортската инфраструктура како и фудбалски стадион со кој ќе се гордеат сите. Но од ултра модерниот стадион за жал нема никаква трага. Сликата којашто може да се види тука, но и на сите други спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба. Никаква трага нема ниту од реконструкција на детското игралиште, ниту е изградена спортска сала во рамките на училиштето. Ова ли е грижата за најмладите и спортот? СДСМ и Георгиески не изградија ниту едно современо спортско игралиште, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука