Охрид, 21. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Бројни охриѓани, но и граѓани од другите градови во државата го раздвижија Охрид во пресрет на продолжениот празничен викенд.
Убавото и сончево време ги извадија на прошетка покрај езерото, а солидно исполнети беа и кафе баровите и рестораните.
Според најавите на метеоролозите, од утре ќе преовладува значително потопло време, до понеделник претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27