Охрид, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија го остава зад себе продолжениот празничен викенд со солидна исполнетост со гости претежно од земјата, но и странство.
Градот и денес беше исполнет со гости, од кои покрај домашните, најбројни се гостите од Албанија, Србија, Косово и Грција.
Терасите беа полни со гости, а се забележува и солидна исполнетост на рестораните, кафе баровите и останатите угостителски објекти.
Изминатиот викенд е одлична најава за туристичката сезона која е пред нас, која доколку се исполнат најавите, ќе биде успешна за угостителските работиници и економијата воопшто во градот под Самуиловата тврдина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33