мај 25, 2021

Скопје, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, при што се регистрирани 14 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 10
• Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод по 1

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61, 76 и 86 години) и Гостивар (63, 69 и 83 години), по едно лица од Струмица (80 години), Кавадарци (86 години), Прилеп (70 години), Кочани (76 години), Тетово (68 години), Гевгелија (50 години) и Валандово (72 години).

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:

• Скопје 40
• Струмица 8
• Куманово и Кавадарци по 7
• Охрид и Виница по 6
• Прилеп и Кратово по 4
• Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово по 3
• Битола 2

• Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 1

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука