Охрид, 31. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како што наближуваат локалните избори, така градоначалникот Георгиески станува сè поголем партиски послушник мислејќи дека преку новите вработувања во ЈП и намерното финансиско пустошење на истите ќе успее да го задржи градоначалничкото столче, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Граѓаните единствено ќе го паметат по зголемување на надоместокот на сметките за вода, за колектор, за канализација во услови на пандемија и зголемен процент на невработеност во Охрид. Најпоследно Георгиески со предлог до советниците за промена на годишниот план за вработувања во ЈП „Охридски комуналец“ за нови 40 вработувања. Малку му беа 31, па сега ќе вработувал нови 40 кои граѓаните ќе ги чинат околу 8 милиони денари годишно. Наместо парите да се насочат кон подобрување на хигиената, одржување на депониите, инвестирање во опрема и во интерес на градот повторно се оптоварува буџетот и сето тоа на терет на охриѓани. Апелираме Георгиески да се вразуми, да се соочи со реалноста од која не може да избега и штетите по граѓаните да ги сведе на минимум. Доволно удиравте по џебот на граѓаните, охриѓани не заслужуваат уште едно покачување овојпат на надоместокот. Ваков однос на еден Градоначалник охриѓани не виделе, крајно срамен и понижувачки за сите граѓани на Охрид, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес