Дебрца, 1. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца организира обука за локални водичи во рамки на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – Conse-pp“.
Целта е зголемување на свесноста и знаењето за биодиверзитетот во рамките на Белчишко блато. Проектот е финансиран од програмата за меѓугранична соработка, Interreg IPA-Cross Border Programm, помеѓу Македонија и Грција.
Обука за биолошката разновидност во општина Дебрца и Белчишко блато, која ќе се одржи на 18-ти јуни, од 11:00 до 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30