Охрид, 2. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната авиокомпанија WizzAir почна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, што поради пандемијата беа намалени.
Земји во кои оваа компанија повторно ги врати летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска, односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.
Според моменталниот распоред на летање од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се лета до Виена, Базел, Дортмунд и Меминген. Според најавите, кон крајот на овој месец ќе започне да сообраќа и на линиите до Малме и Лондон, а од почетокот на август ќе се лета и до Милано.
Од 8-ми мај, на охридскиот аеродром поставен е пункт за COVID-19 тестирање на клиниката „Жан Митрев“, кој се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда. Пунктот за COVID-19 тестирање на Лабораторијата на Жан Митрев, работи секој ден кога ќе има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива