Скопје/Охрид, 4. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид почнува да добива туристи, изјави синоќа во емисијата Клик Плус на Тв21 Филип Стефаноски, сопственик на туристичката агенција DMC Balkans од Охрид.
– Охрид почнува да заживува, изминатиов викенд имавме гости од соседството, истакна Стефаноски.
Тој додаде дека Македонија влегува во зелена зона и дека доаѓаат гости од Америка.
– Имаме гости и од странство, како компанија донесовме украински гости, а во јуни очекуваме гости од Америка. Македонија влегува во зелена зона, не бараме PCR тестови и мислам дека ќе имаме добра сезона“, посочи Стефаноски. (Крај)
извор: Тв21 фото: Тв21
Прочитано: 29