Економија Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Туризам

Презентација на сертификатите Clean&Safe и Safe Travels пред охридските и струшките угостители

Охрид, 7. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На покана и барање на Здружението за туризам и угостителство „Охридски еснаф“, Независната угостителска комора (НУК)  пред охридските и струшките угостители ќе ги презентира начините и бенефитите од стекнување на правото за користење на сертификатите „Чисто и безбедно“ (Clean&Safe) и Safe Travels.

Настанот ќе се одржи во хотелот „SU“ од 11:00 до 17:00 часот, а ќе биде направена првата физичка проверка и ќе биде издаден официјално првиот сертификат и безбедносен печат Safe Travels за членките на НУК.

За време на презентацијата ќе биде презентиран и начинот за стекнување со правото за добивање на премиум златен сертификат „Чисто и безбедно“ COVID-19 SAFE ZONE. Со презентацијата на начините за стекнување на сертификатите пред Охридско-Струшките угостители ќе бидат презентирани и првите прочистувачи кои го елиминираат живиот SARS-COV-2 вирус од воздухот како и бенефитите од нивното користење и имплементирање во угостителските објекти.

Можно е да е слика од текст кој вели „Safe travels by WORLD9 WORLD TRAVEL & TOURISM COUNCIL“

Угостителски објекти (ресторани, кафетерии, барови, клубови, хотели, мотели и останати сместувачки објекти од мал обем) сега имаат можност да се здобијат со национален „Чисто и безбедно“ и интернационален сертификат Safe Travels со кои се верификува дека во нивните угостителски објекти во целост се спроведуваат, практикуваат и почитуваат националните и глобалните препораки за превенција и заштите во ширењето на пандемијата со COVID-19.

Добивањето сертификат Clean&Safe и Safe Travels е од посебно значење не само за време на пандемијата COVID-19, туку и за постковид периодот, затоа што не само локалните гости туку и на останатите потенцијални туристи и посетители на Македонија на овој начин сакаме да им укажеме дека сме тука да се грижиме за нивната сигурност и здравје при нивната посета и престој во македонските угостителски објекти.

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Сертификацијата и добиените електронски печати угостителите можат да ги користат во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на самите угостителски објекти. На овој начин се стекнува единствена потврда дека угостителските објекти исполниле не само локални стандарди туку дека исполнуваат и многу глобални стандарди за превенција и заштита на личното здравје, поготово од COVID-19 со што можат слободно на своите гости да им гарантираат чист, безбеден и пријатен престој како по дома. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука