Охрид, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јуни 2021 година, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа 61-годишниот Ќ.П. од селото Слатински Чифлик, општина Дебрца.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 67 куршуми различен калибар кои ги поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35