Скопје, 9. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, при што се регистрирани 28 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.По градови:
• Скопје 16
• Куманово 9
• Тетово 2
• Прилеп 1
Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61, 75 и 79 години) и по едно лице од Куманово (45 години) и Струга (72 години).
Регистрирани се 23 оздравени пациент од:
• Скопје 15
• Охрид и Струга по 3
• Куманово и Кочани по 1
Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство