Хилверсум, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вооружен човек, синоќа успеал да влезе во зградата на холандската државна телевизија NOS во градот Хилверсум, но наскоро бил фатен од полицијата, а програмата на телевизијата била прекината.
Подоцна беа прикажани снимки, но кои се гледа како лицето кое зборува холандски, носи пиштол и чекори до едно биро во празното студио, пред да биде уапсен.
Зградата на NOS беше евакуирана.
Портпаролот на обвинителството разјасни дека стрелецот е на возраст од 19 години и и се наоѓа во притвор на полицијата. Тој веднаш го пуштил оружјето кога петмина вооружени полицајци му заповедале да го фрли пиштолот. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 20