Скопје, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во хороскопот на американските домородци, знаците се врзани за животни чии карактеристики и начин на живот се идеални за симболизирање на човечките особини.
Сокол (21.03 – 19.04)
Обележје: динамичност
Соколот е тешко да се скроти, затоа што тој е симбол за слобода и независност. Луѓето родени во овој знак секогаш се подготвени за акција и имаат желба за авантури. Често се иницијатори и сакаат да ги водат другите, но од време на време можат да бидат мошне импулсивни. Тежнеат во групата да го задржат својот изразен идентитет.
Дабар (20.04 – 20.05)
Обележје: доследност
Поради својата потреба за сигурност, дабарот симболизира зависност и удобност. Сака да поседува вредни работи, тоа го смирува. Дабарите, исто така, се упорни, стабилни и издржливи. Познати се и по безграничното трпение.
Елен (21.05-20.06)
Обележје: сила
Елените се немирни и неуморни, па личностите родени во овој знак оддаваат впечаток дека се многу интелигентни и секогаш се надеваат дека можат да ги променат работите со своите дела. Имаат силна волја и прилично се великодушни. Креативни се и интуитивни.
Клукајдрвец (21.06 – 21.07)
Обележје: чувствителност
Личностите родени во овој знак секогаш бараат сигурност и заштита и често се загрижени поради својата голема чувствителност. Го сакаат својот дом и многу се чувствителни. Имаат бујна фантазија и патат од нагли промени на расположението. Животна цел им е да живеат во хармонија со околината.
Лосос (22.07 – 21.08)
Обележје: самодоверба
Внатрешната сила и страст на овој знак им дава на луѓето родени во истиот, моќ за со достоинство да ги надвладеат сите тешкотии. Тие се горди, спонтани и одлучни. Храбри се, амбициозни и чезнеат за успех. Одлични се како лидери. Во животот бараат цел и сакаат да доминираат, затоа што во тоа се најдобри.
Мечка (22.08 – 21.09)
Обележје: практичност
Кафеавата мечка е срамежливо и нежно суштество. Луѓето родени во тој знак најдобро се чувствуваат во организирана животна средина, која е предвидлива и над која може да имаат контрола. Дискретни се, имаат смисла за детали и често се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот не им се силни страни, па на тоа мора посебно да поработат.
Гавран (22.09 – 22.10)
Обележје: дипломатија
Луѓето родени во знакот на Гавран поседуваат голема сила, која им дозволува да се справат со се`. Прилично се социјализирани, шармантни и пријателски настроени и ретко кога се сами. Интелигентни се, паметни и мистични. Тие идеалисти тежнеат кон хармонија во заедницата, а слаба точка им е тоа што знаат да бидат несигурни и недоследни.
Змија (23.10 – 22.11)
Обележје: преживување
Во многу култури змијата означува почит, затоа што се смета за заштитничка на животните мистерии. Луѓето родени во тој знак имаат добра способност за расудување и интуиција, експерти се за човечката душа. Реалистични се и склони кон самоконтрола.
Був (23.11 – 21.12)
Обележје: мудрост
Во старите култури, бувот означува мудрост и знаење. Личностите родени во овој знак ги обележува спонтаност, ентузијазам и идеализам. Тие секогаш се еден чекор напред, гледаат надалеку и тежнеат кон длабоко разбирање на духовното знаење. Љубопитни се, дарежливи и доверливи.
Гуска (22.12 – 19.01)
Обележје: упорност
Личностите родени во овој знак имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи планови и полека, но сигурно, стигнуваат далеку. Нивното мото е: „Тивка вода брег рони“. Вредни се, независни и добро се прилагодуваат во сите ситуации.
Видра (20.01 – 18.02)
Обележје: креативност
Видрите се весели животни, па личностите од овој знак ги карактеризира интелектуална стимулација, слободен дух и креативност. Поради високите идеали, од другите бараат повеќе отколку што тие може да им дадат. Пред се`, секогаш ја бараат вистината.
Волк (19.02 – 20.03)
Обележје: лојалност
Иако се чини дека волкот е многу моќен, тој исто така е плашлив и внимателен. Личностите родени во овој знак се емпатични кон другите и многу лојални. Главна цел во животот им е да ја пронајдат и задржат љубовта. (Крај)
извор: ОхридПрес/Идивиди фото: архива