Струга, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – При крај е процесот за експропријација за да може ТИР-зоната во Струга да биде предмет на продажба. Сите промотори на Република Македонија веќе ја промовираат за инвестирање.
Ова вчера го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, одговарајќи на прашањето за туристичката развојна зона Струга, што го постави струшката пратеничка Нола Исмајловска.
Исмајловска, покрај ова, на вчерашната седница запраша и како ќе се решава проблемот со депонијата во Струга која е на само два километри оддалечена од Охридското Езеро. За ова прашање, како што беше кажано вчера на собраниската седница, пратеничката треба да добие одговор по писмен пат. (Крај)
извор: ОхридПресс фото: архива
Прочитано: 34