Минск, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Контакт-групата за Украина ќе се сретне денеска во Минск во обид да се најде решение што ќе го означи крајот на конфликтот во источниот дел на Украина.
На состанокот ќе присуствуваат претставници од завојуваните страни во источниот дел на Украина, кои ќе бидат надгледувани од страна на претставниците на ОБСЕ и на рускиот амбасадор во Киев.
Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека состанокот во Минск треба да резултира со зајакнување на ОБСЕ долж границата на Русија и Украина да се осигура дека про-руските сили нема да пристигнат со оружје и персонал од исток.
Во меѓувреме, полскиот министер за одбрана Томас Сјемонјак, изјавил дека шансите за напредок во Минск се скромни, бидејќи, наводно, главната цел на Кремљ е да ги поткопа преговорите на блоковите на украинскиот европски пат.
Според ОН, за време на судирите во источна Украина загинаа најмалку 5.100 луѓе.
Членовите на контакт групата ќе се обидат повторно да се најде начин како и кога да почнат да се применуваат одредбите од претходните договори. (Крај)
извор: ОхридПрес/АП фото: архива