Охрид, 3. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Н.Т. од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „кражба“ и „спречување на докажување“.
Кривична пријава заработи и 28-годишниот П.Т. од селото Мешеишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
– На 31-ви август 2021 година, во селото Мешеишта, првопријавениот со товарно возило превезувал огревни дрва и кога полициски службеници дале знак за запирање тој со возилото тргнал кон нив и се обидел да ги прегази. После тоа кога се исклучил од патот, го оштетил возилото за да не му биде одземено, а второпријавениот му помагал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето службени дејствија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива