Охрид, 4. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Галичица гори веќе неколку дена, а Георгиески никаде го нема. Каде е Георгиески додека е загрозен Националниот парк? – реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Георгиески беше да направи увид на опожарена барака само за политички маркетинг, а сега кога вистински треба да се појави се крие. Дали нема време од предизборното асфалтирање улици и фотографирањето? Од справувањето со пожарот не видовме дури ни тековно и навремено информирање. СДСМ и Георгиески се тотално изгубени. Нема полошо за Охрид од Георгиески и СДСМ, стои во реакцијата на партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ
Прочитано: 19