Охрид, 7. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со 61,4% Охрид е меѓу градовите со најголем опфат на вакцинирани лица со една доза на вакцина.
Пред него се Неготино со 63,4% и Кавадарци 62,3%. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во градовите Гевгелија 59,8%, Берово 56%, Ресен 57,2%, Битола 55,8%, Ресен 57,2%, Пехчево 53%, Крушево 52,3%, Валандово 53,3%, Штип 51,9%, Пробиштип 50,5%. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во градовите Демир Хисар, Велес, Св. Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Прилеп, Македонски Брод и Скопје, а помеѓу 30-40% опфат во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во градовите Гостивар 30,5% и Дебар 31,7%, информираат од Министерството за здравство на Република Макдонија.
Додаваат дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54% од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, 29% од граѓаните помеѓу 18 и 39 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес