септември 7, 2021

Скопје, 7. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 6.425 тестирања, при што се регистрирани 682 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 317
• Куманово 51
• Тетово 49
• Битола 31
• Кичево 30
• Кавадарци 22
• Гостивар 19
• Струмица 18
• Ресен 15
• Прилеп 13
• Охрид и Струга по 11
• Делчево 10
• Пробиштип и Валандово по 8
• Радовиш, Крива Паланка и Кратово по 7
• Штип и Дебар по 6
• Велес, Неготино, Свети Николе и Берово по 5
• Кочани и Гевгелија по 4
• Виница и Демир Хисар по 2
• Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран по 1

Пријавени се 32 починати лица: 9 починати лица од Скопје (88, 78, 71, 69, 68, 66, 61, 53 и 42 години), 4 починати лица од Куманово (84, 70, 63 и 58 години), по 3 починати лица од Гостивар (71, 71 и 41 години) и Тетово (88, 82 и 82 години), по 2 починати лица од Велес (80 и 72 години), Свети Николе (73 и 53 години) и Штип (56 и 33 години) и по едно починато лице од Кичево (75 години), Охрид (62 години), Струга (80 години), Дебар (83 години), Струмица (70 години), Прилеп (65 години) и Македонски Брод (61 години). Од пријавените 28 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти од:

• Тетово 393
• Скопје 296
• Гостивар 99
• Куманово 57
• Кичево и Охрид по 28
• Струга 25
• Дебар 21
• Струмица 15
• Битола 13
• Прилеп 11
• Велес 10
• Македонски Брод 8
• Пехчево 5
• Радовиш и Кочани по 4
• Виница 3
• Валандово, Кратово, Свети Николе и Берово по 2
• Кавадарци, Ресен и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука