Охрид, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од 3 класа од трета година од охридската гимназија биле во контакт со професорот кој е позитивен на Covid-19 само 15-тина минути, по што од Кризниот штаб била донесена одлука тие сепак да продолжат со настава со физичко присуство.
Учениците, според истиот извор, не биле доволно долго во присуство на заразеното лице за да ги стават во изолација.
Информацијата доаѓа откако претходно денеска беше објавено дека еден професор е позитивен на Covid-19 во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, по што беше донесена првична одлука 3 класа од трета година да одат во изолација во траење од 14 дена.
Неодамна беше одредена мерка изолација и за една паралелка од седмо одделение при ОУ „Христо Узунов“ затоа што еден ученик е позитивен на Covid-19. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес