Тетово, 10. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на тетовската болница Флорим Бесими преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека денеска донел одлука да си поднесе оставка.
Неговиот пост го објавуваме во целост:
Почитувани граѓани, почитувани Тетовчани
Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово.
Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи.
Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово.
После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна.
Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19.
Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.
Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија.
Функцијата не е пред достоинството и човечноста.
На повредените им посакувам побрзо да закрепнат!
Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга.
Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани!
Со длабоко сочуство и искреност,
Фљорин Бесими
извор: Makpress фото: архива