Скопје, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, при што се регистрирани 183 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 132
• Куманово 13
• Кавадарци 6
• Прилеп, Струга и Крива Паланка по 3
• Тетово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија по 2
• Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица по 1
Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85, 80, 69, 67, 64, 61, 59, 57 и 52 години), 4 починати лица од Кавадраци (88, 88, 72 и 60 години), по две починати лица од Тетово (81 и 48 години) и Битола (81 и 79 години), едно починато лице од Гостивар (78 години). Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од:
• Скопје 189
• Тетово 68
• Струмица 32
• Гостивар 26
• Дебар 24
• Кавадарци 23
• Куманово 22
• Кичево 17
• Битола и Штип по 12
• Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово по 11
• Делчево 9
• Крива Паланка и Ресен по 8
• Пробиштип 7
• Кочани 6
• Македонски Брод 5
• Радовиш 4
• Неготино и Валандово по 3
• Кратово и Крушево по 2
• Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство