септември 16, 2021

Охрид, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Биди херој во твоето училиште“, охридскиот Црвен крст денес го одбележа Светскиот ден на првата помош.

На Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид презентираа знаења, техники и вештини за укажување прва помош.

May be an image of 3 people, people standing and outdoors

Темата на Светскиот ден за Прва помош е „Првата помош спасува живот“.

Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.

May be an image of one or more people, people standing, monument and outdoors

May be an image of 1 person, standing and outdoors– Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука