Скопје, 19. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 183
• Охрид 24
• Штип 20
• Струмица 19
• Куманово 15
• Прилеп 14
• Тетово и Велес по 13
• Битола и Кавадарци по 11
• Свети Николе 7
• Кочани, Гевгелија и Ресен по 5
• Кичево 4
• Крива Паланка 3
• Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип по 2
• Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод по 1
Пријавени се 23 починати лица: 8 починати лица од Скопје (89, 88, 78, 77, 77, 66, 60 и 60 години), 3 починати лица од Велес (62, 59 и 59 години), по 2 починати лица од Куманово (75 и 63 години), и Кавадарци (72 и 65 години), по едно починато лице од Тетово (67 години), Прилеп (75 години), Битола (95 години), Струмица (87 години), Штип (45 години), Струга (62 години), Свети Николе (66 години) и Радовиш (63 години). Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 551 оздравен пациент од:
Скопје 212
• Тетово 53
• Куманово и Гостивар по 46
• Кичево 38
• Струга 25
• Охрид 19
• Битола 13
• Прилеп и Кавадарци по 12
• Струмица, Штип и Свети Николе по 9
• Кочани 8
• Велес, Ресен и Дебар по 5
• Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово по 3
• Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево по 2
• Гевгелија и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство