Скопје/Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против COVID-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани. 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина. 31% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство