Скопје/Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со 18-ти септември во Охрид прва доза вакцина против COVID-19 примиле 28.161 лица над 18 години, што е 63,2% од населението.
Според податоците од министерството за здравство со две дози се имунизирани 26.013 лица. Со ова Охрид е на трето место на државо ниво, зад Неготино и Кавадарци, според опфатот на вакцинирано население.
Во соседна Струга со прва доза се имунизирани 24.283 граѓанин или 43,5% над 18 години, а 20.534 примиле и втора доза.
Токму високиот процент на вакцинирано население придонесе во Охрид да нема притисок врз болничките капацитети. За разлика од третиот бран, кога пикот достигна и над 110 хоспитализирани пациенти и драстично зголемен број прегледи, сега во овој четврти бран бројките на пациенти кои се лекуваат во болнички услови се далеку помали. Што се однесува до новозаболени од COVID-19, во Охрид моментално има 545 активни случаи. Во текот на овој месец, заклучно со вчера се регистрирани 304 нови случаи, оздравени се 196, а починаа 15 пациенти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива