Скопје/Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков води со 27,5% пред неговиот политички противник и актуелен градоначалник д-р Константин Георгиевски кој ужива доверба кај 23,3% од граѓаните.
Ова се дел од резултатите на анкетата на „Организацијата за граѓански активизам и независност“ која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам. За сопствени потреби организацијата спроведе теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година.
Теренското истражување се одржало во периодот од 13-ти до 17-ти септември 2021 на репрезентативен примерок од 642 испитаници на територијата на општина Охрид.
При истражувањето се водело сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт. (Крај)
извор: „Организација за граѓански активизам и независност“/makpress.mk фото: makpress.mk