Скопје, 26. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 336 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 169
• Велес и Струмица по 21
• Куманово 17
• Охрид и Кавадарци по 15
• Битола 14
• Штип 13
• Кочани 11
• Свети Николе 10
• Прилеп 6
• Тетово 4
• Кичево, Гевгелија и Крива Паланка по 3
• Виница, Кратово и Македонски Брод по 2
• Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85, 81, 67, 59 и 56 години) и Куманово (82, 72, 70, 67 и 57 години), 2 починати лица од Охрид (89 и 38 години) и по едно починато лице од Штип (68 години), Велес (88 години), Ресен (74 години), Радовиш (79 години) и Валандово (81 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.
Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од:
• Скопје 118
• Штип 14
• Кавадарци 12
• Битола 11
• Прилеп 10
• Кичево 9
• Велес 8
• Кочани 6
• Гевгелија и Ресен по 5
• Кратово и Радовиш по 4
• Неготино и Пробиштип по 3
• Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар по 2
• Тетово и Делчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство