Охрид, 26. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатите за градоначалници на Општина Охрид на престојните локални избори, закажани за 17-ти октомври 2021 година, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
За градоначалникчата фотеља на овие локални избори ќе се тркаат тројца надидати и тоа: кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија д-р Кирил Пецаков, кандидатот од СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина д-р Константин Георгиески и Кандидатот од ТМРО, Гоце Цветкоски.
– Тоа што ќе се случува во наредниот 21 ден се надевам ќе се позитивни проекти, позитивна кампања и нешто што ќе го направи животот на охриѓани во секаква смисла на зборот ќе преовлада во оваа кампања, истакна кандодатот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
– Чест и задоволство е што уште еднаш го потпишуваме Кодексот за фер и демократски избори, се надевам дека кампањата ќе помине во најдобар ред, повикувам граѓаните да излезат и да го искористат своето граѓанско право, рече Георгиески.
Кандидатот од ТМРО, Гоце Цветкоски пак ги повика граѓаните да гласаат за трета политичка опција. (Крај)
извор: Охрид1 фото: архива