Охрид, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ја продолжуваат традицијата и ќе ја започнат изборната кампања за претстојните локални избори повторно од Охрид.
Од партијата најавуваат собир на отворено на Антички театар во Охрид, кој треба да започне во 18:00 часот.
Кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е познатиот доктор Кирил Пецаков, додека носител на листата е Сашо Донев.
Од партијата синоќа точно на полноќ и официјално го означија почетокот на кампањата.
– Традиционално по полноќ во еуфорична атмосфера ја започнавме изборната кампања за претстојните локални избори. Гарантираме проекти за промени – проекти за победи! Време е за промени! Време е за проекти! Време е за победи! Да создадеме нова иднина! – порачаа од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Нетпресс