септември 27, 2021

Охрид, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, пријатели, роднини, занаетчии, туристички работници, хотелиери, угостители, пекари, фризери, бербери, просветни работници, спортисти и спортски работници, бизнисмени, доктори, медицински сестри, инженери… „Охрид има План Б“ за нашиот Охрид, порачаа на стартот на изборната кампања од Независната листа „Охрид има План Б“.

– Ние нудиме подобро утре за младите, нудиме решенија за проблемите кои ве тиштат. Имаме предлог како да се олеснат давачките на угостителскиот сектор, но и како да добијат поддршка занаетчиите и малите бизниси. Ќе направиме се да се адаптираме на новите потреби на туристите. Веруваме дека ќе го „нападнеме“ Советот и градоначалникот со иницијативи, одлуки, барања од повеќе сфери. Ние ќе бидеме вашиот глас. Ќе направиме се што е во наша надлежност Општината да излезе од сивилото, но и да се зацрта нов позитивен правец на развој. Ние сме независна листа „Охрид има план Б“ предложена од група избирачи со носител на истата Антонио Наумоски. „Охрид има план Б“. Ние со Вашата поддршка можеме да направиме многу за Охрид, потенцираат од „Охрид има План Б“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука