Скопје, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.726 тестирања, при што се регистрирани 112 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 82
• Кавадарци 8
• Куманово 6
• Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка по 2
• Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78, 78, 76, 76, 72, 67 и 66 години) и по едно починато лице од Куманово (66 години), Струмица (72 години), Штип (62 години), Дебар (37 години) и Велес (84 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.
Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од:
• Скопје 175
• Куманово 46
• Струмица 27
• Кавадарци 23
• Штип 20
• Тетово 18
• Битола 12
• Дебар 10
• Валандово 9
• Свети Николе 8
• Гостивар и Пробиштип по 7
• Велес и Кочани по 6
• Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово по 4
• Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево по 3
• Македонска Каменица и Македонски Брод по 2
• Охрид и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство