Охрид, 28. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива во следните години. Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
Порача, наредните денови нека бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид. Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме.
– Време е за промени! Време е за проекти! Време е за победи! Промени кои создаваат големи проекти, проекти кои создаваат сигурни победи, победи кои носат нова и светла иднина. Промена на системот на вредности кои сега владеат и лошото однесување.Победа на духот над малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ на сите етнички заедници Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација. Економски силна општина за подобар животен стандард на сите. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место, нови инвестиции, економски раст и развој на стопанството, потенцира Пецаков.
Додаде дека проектите што ги нудат за развој и грижа, со кои Охрид ќе се доближи до европските градови и држави. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес