септември 28, 2021

Скопје, 28. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.512 тестирања, при што се регистрирани 467 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 245
• Куманово 47
• Велес 27
• Прилеп 21
• Кавадарци 17
• Кичево 13
• Кочани 12
• Битола 11
• Крива Паланка 9
• Охрид 8
• Тетово и Струмица по 6
• Штип, Радовиш и Валандово по 5
• Кратово и Крушево по 4
• Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар по 3
• Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 2
• Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73, 72, 70, 61 и 57 години), по 2 починати лица од Тетово (88 и 72 години) и Кратово (73 и 66 години), по едно починато лице од Демир Капија (69 години), Прилеп (90 години), Радовиш (55 години) и Штип (74 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар, Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од:

• Скопје 269
• Куманово 51
• Струмица 23
• Велес 21
• Прилеп 20
• Битола и Тетово по 15
• Штип 14
• Кавадарци и Кичево по 11
• Радовиш, Гостивар и Свети Николе по 6
• Крива Паланка, Гевгелија и Виница по 4
• Пробиштип и Ресен по 3
• Кочани и Делчево по 2
• Охрид, Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука