Охрид, 30. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид, гарантираме работа промени и создавање проекти, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Александар Здравевски.
Како дел од проектите значајни за младите најави изградба на младински центар, субвенционирани курсеви по информатика, математика и англиски јазик за невработени лица и студенти, како и стипендии за најдобрите ученици и студенти.
– Изградба на младински центар со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе бар кој освен за пауза идеален и за настап на охридски бендови, а воедно и простор за учење, едукација забава на младите во секој период од годината. Субвенционирани курсеви информатика, математика и англиски јазик за невработени лица и студенти во Охрид кои живеат во семејства со ниски месечни примања или семејства во социјален ризик. Субвенционирање на талентирани млади луѓе кои покажуваат талент во одредена област и се истакнуваат на натпревари. Стипендии за најдобрите ученици и студенти кои се истакнуваат во образованието и ја планираат својата кариера во областа на туризмот во Охрид. Отворање реални компани во средните стручни училишта со цел младите да бидат што поподготвени за влез на пазарот на трудот. Изградба и реконструкција на детски современи игралишта, најави кандидатот за советник Здравевски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес