COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во септември регистрирани 421 нов случај на Covid-19 во Охрид

Охрид, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец септември во Охрид се регистрирани 421 нов случај на Covid-19.

Во овој период оздравени се 304 пациенти, а починаа 19 лица. За споредба, во текот на месец август имаше 495 новозаболени, само 43 оздравени и 9 починати пациенти.

Моментално во градов има 549 активни случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.944 случаj на лица заболени од Covid-19.

Охрид е меѓу градовите со највисок опфат на вакцинирано население. Со прва доза заклучно со 26-ти септември се вакцинирале 28.471 лица над 18 години, што е 63,9% од населението, а од нив 26.707 се вакцинирани со две дози. Ова придонесе да нема притисок во болничките капацитети. За време на третиот бран, пикот достигна и над 110 хоспитализирани пациенти и драстично зголемен број прегледи, но сега, во четвртиот бран бројките на пациенти кои се лекуваат во болнички услови се далеку помали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука