COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МЗ: 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со COVID-19 се невакцинирани

Скопје, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со COVID-19, во период од 6-ти август заклучно со 30-ти септември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на COVID-19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на COVID-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со COVID-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCov2. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука