COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

412 нови случаи на Covid-19, 12 новозаболени и 1 оздравено лице од Охрид

Скопје, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.379 тестирања, при што се регистрирани 412 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 205
• Куманово 39
• Кочани 23
• Кавадарци 17
• Битола и Велес по 15
• Штип 14
• Прилеп 13
• Охрид 12
• Струмица 7
• Тетово и Свети Николе по 6
• Кичево, Гевгелија и Радовиш по 5
• Крива Паланка 3
• Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар по 2
• Неготино, Виница, Македонски Брод, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76, 74, 73, 60 и 56 години) и по едно починато лице од Куманово (81 години), Велес (85 години), Дебар (73 години), Делчево (59 години), Кавадарци (85 години), Крива Паланка (67 години) и Тетово (64 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица, сите се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од:

• Скопје 198
• Куманово 27
• Штип 22
• Прилеп 21
• Струмица 19
• Велес 16
• Кавадарци 14
• Гостивар 11
• Битола и Тетово по 9
• Кочани и Кичево по 7
• Радовиш и Ресен по 6
• Берово и Валандово по 4
• Гевгелија и Кратово по 3
• Свети Николе, Пробиштип и Неготино по 2
• Охрид, Крива Паланка и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука