COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

190 нови случаи на Covid-19, 3 новозаболени и 1 починато лице од Охрид

Скопје, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.636 тестирања, при што се регистрирани 190 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 93
• Куманово 25
• Прилеп 13
• Битола 12
• Кратово 7
• Кавадарци и Демир Хисар по 5
• Тетово и Крива Паланка по 4
• Велес, Охрид, Струга и Свети Николе по 3
• Струмица, Кичево и Гевгелија по 2
• Штип, Кочани, Ресен и Радовиш по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје (78 и 83 години), по едно починато лице од Штип (56 години), Кавадарци (81 години), Кичево (76 години), Прилеп (52 години), Крива Паланка (76 години), Кочани (83 години), Охрид (63 години) и Струга (78 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од:

• Скопје 138
• Куманово 23
• Штип 19
• Битола 15
• Кавадарци 14
• Крива Паланка 12
• Свети Николе 11
• Кочани 9
• Прилеп 8
• Велес и Кичево по 7
• Ресен 6
• Гевгелија и Берово по 4
• Радовиш и Гостивар по 3
• Кратово, Неготино и Пробиштип по 2
• Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука