Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти октомври 2021 година, во 03:00 часот кај селото Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко моторно возило марка „Киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17-годишен малолетник од селото Лешани, општина Дебрца излетало од патот.
– Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17-годишен сопатник од селото Мешеишта, општина Дебрца од здобиените повреди починал на лице место. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 33