октомври 5, 2021

Скопје/Охрид, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Институтот „Аксиос“ објави резултати од спроведената анкета во врска со локалните избори во Охрид, каде резултатите покажуваат водство на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков пред конкурентот од СДСМ, д-р  Константин Георгиески од 3,6%.

Својот глас за д-р Кирил Пецаков, според резултатите од ова истражување ќе го дадат 26,4 проценти од испитаниците, додека за кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески би гласале 22,8 проценти од анкетираните. За третиот кандидат (друг) на анкетата Гоце Цветковски од ТМРО би гласале 2% од Охриѓани. Според истиот извор, за ниту еден кандидат не би гласале високи 22,1%, додека не одговориле 26,7% од испитаниците.

May be an image of one or more people and text

Анкетата е спроведена во периодот од 24-ти до 28-ми септември 2021 година на стратифициран приемрок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители. по нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива Логос“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука