октомври 5, 2021

Охрид, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ние нема потреба да гарантираме, затоа што ние реализираме. Нашето „ќе“ се гледа на дело. Преку посветена работа и голем ангажман значително ја променивме сликата во образовните установи, рече на денешната прес конференција Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Потсети на реализираните проекти за подобрување на условите во сите основни и средни училишта и најави продолжување на инвестициите во сите училишта.

– Нашата цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во нашата држава. Во претстојниот мандат предвидуваме изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство Единство“. Комплетна реконструкција на гимназијата „Св.Климент Охридски“. Проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отворање на нови паралелки во медицинските струки и многу други инвестиции. Заедно да продолжиме на патот кон нови успеси и подобри услови за сите генерации. На 17-ти октомври да го заокружиме бројот 12 за уште една голема победа во Охрид, рече Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука