Скопје/Охрид, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.529.545 дози вакцини, ревакцинирани се 737.979 граѓани, а трета доза вкупно примиле 425 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 5.246 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.253 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 96 граѓани. 47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 44% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 53% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство