октомври 6, 2021

Скопје/Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиолошката слика во државата релативно стабилна. Бројот на новозаразени од направени тестирања веќе неколку недели се движи околу 13 проценти во просек дневно. Паралелно се одвива и вакцинацијата. Досега се ревакцинирани 44 проценти од полнолетните граѓани во државата, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

Во текот на завчерашниот ден биле аплицирани вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 аплицирани како прва доза, 3.897 ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина.

– Заклучно со завчера вкупно се вакцинирани 791.141 граѓанин, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 425 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.

Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, информираат од Министерството за здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 5.265 активни случаи, следи Куманово со 953, Тетово 835, Гостивар 410, Кичево 356, Охрид 343, Велес 315, Прилеп 276, Битола 240, Струмица 231, Штип 215 и Кавадарци 207. Во другите градови се под 200 активни случаи. Во Дојран и натаму еден случај. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука