октомври 6, 2021

Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како локална власт покажавме дека инвестираме во рамномерен развој за сите делови на Охрид. Во претстојниот мандат предвидуваме имплементација на идејно решение за подигнување на нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“. Планирано е уредување на ново зелено подрачје, со нови пешачки патеки,урбана опрема, цветни леи и фонтани, најави на денешната прес конферениција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.

Со изградба на оваа, нова улица на потегот во поранешната касарна „Михајло Апостолски“од пресекот со улица „Кленоец“ до улица „Радојца Новичиќ“ значително ги подобривме условите за безбеден сообраќај и поврзаност на жителите кои живеат во овој дел на градот.

– На овој потег предвидуваме изградба на нова спортска и рекреативна инфраструктура со што Охрид добива современа спортска зона која ќе ги подобри условите за спортување. Веќе е аплициран проект и одобрени се средства за изградба на адреналински парк со сите забавни содржини и за деца и за возрасни. Предвидуваме изградба на нова памп патека за велосипеди, ролери и скејтери, уредување на современи голф терени, како и нова трим патека. Имаме најдобри планови и нудиме реални проекти за подобар развој на Охрид. Ние не гарантираме, ние реализираме. На 17-ти октомври охриѓани ќе го изберат бројот 12 и „Најдоброто за Охрид“! Ќе изберат храбост, одлучност и посветеност! Охрид има градоначалник, рече Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука