Охрид, 7. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници. Ги мотивираме и ангажираме урбаните и месните одбори за поголема активност, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Наум Калачоски.
Потсети на досега реализираните инфраструктурни проекти во сите села и населби. Најави дека ќе бидат воведени задолжителни состаноци и консултации со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти.
– За нас секој граѓанин е подеднакво важен и секој заслужува да живее во уредена средина. Во секоја месна и урбана заедница градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод, градиме маалски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава, градиме детски и спортски игралишта и ги реконстуираме постојните. Го продолжуваме и унапредуваме проектот „Ваш реонски општинар“ со кој локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на оштината, истакна кандидатот за советник Калачоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива