октомври 7, 2021

Охрид, 7. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации. Изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти, порача на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и носител на советничката листа Сашо Донев.

– Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме: изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации, изградба на спортски терени (4 терени за баскет, 4 терени за тенис, од кои еден покриен терен, возобновување на спортови на вода (кајакарство, веслање, едриличарство) и обезбедување на соодветни простории, изградба на стартна платформа за полетна база и слетна база за екстремни спортови со лесни летала. Заокружи 7 за Спорт за сите! 7 за Промени, Проекти и Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРо-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука