Охрид, 7. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид заслужува посебно внимание, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков.
– Наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење нови модели за развој на туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање производи и привлекување брендирани имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско-туристичкиот сектор и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини. Гарантираме: унифициран изглед на угостителските објекти на плоштадот поради подобра визуелизација на местото, спортски туризам – база на подготовки во Охрид. Подобрување на условите за развој на спортскиот туризам, преку организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации. Интензивен развој на рурален туризам преку кој има да се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини, со цел спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја. Промоција на целогодишен туризам – Охрид 365 дена. Афирмација преку целата година со ослободување од уплата на туристичка такса за периодот надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода и струја и сл., или субвенции за сместувачките капацитети што ќе носат гости пред и по туристичката сезона. ЕКО туризам – мапирање, прогласување на еколошки заштитени зони (Галичица, Косел, Студенчишко Блато и други) со цел промоција на еко-туризмот во Охрид. Охридски туристички речник во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот. Крајна цел е на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда на Охрид. Ревитализација на Студенчишко блато и воспоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Целта е зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват. 7 за модерен и атрактивен локален туризам. 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, порача Пецаков. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ