Охрид, 8. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на наредниот мандат, продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата, бидејќи воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество, рече на денешната прес конференција Живка Ангелоска, канидадат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Како локална власт покажавме вистинска грижа и посветеност за подобрување на условите за децата и младите бидејќи тоа е вложување во нашата иднина, рече Ангелоска и потсети на досега реализираното во овој сегмент. Најави дека ќе има намалување на листите на чекање за упис во градинка, изградба на нови детски игралишта во секоја населба и село во општината.
– Преземаме конкретни мерки за намалување на листите на чекање за упис во градинка. Подготвуваме анализа на потребите и ги прошируваме капацитетите на сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Изготвуваме проекти за реконструкција на сите објекти на градинката и проект за изградба на нов објект за сместување на деца, по сите современи стандарди. Планираме набавка на нова опрема и нагледни средства, со цел нашите дечиња да имаат пријатен престој и соодветно згрижување. Подготвуваме програма за подобрување на условите за исхрана во градинките и училиштата. Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности и само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење, рече Ангелоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива